Ракомет
Брестовац: Дали остануваме или си одиме, на победа против Австрија
По поразот од Чешка, ситуацијата за Македонија е комплицирана. Победа против Австрија мора да има доколку сакаме пласман во следната рунда, а потоа и да чекаме да се „направат математиките.
Ракометарите и стручниот штаб велат дека ништо се уште не е загубено. Се разбира Австрија е домаќин, но и фаворит на овој меч, но сепак ќе се оди на се или ништо, а со надеж за победа.
-Секако дека ќе мора да одиме на победа против Австрија. Дали тоа ќе биде за тој втор круг, за подобар пласман, или за оваа ситуација во која се наоѓаме, дали остануваме или си одиме, подготовката е иста. Одиме на победа, поразот од Чешка е архивиран, изјави селекторот Брестовац, а пренесува ТВ Телма.