Connect with us

Ракомет

Брестовац: Долг е патот за да направиме силна селекција со млади играчи

Данило Брестовац, селекторот на македонската репрезентација, по елиминацијата од ЕП даде изјава и посочи дека треба трпение со младите ракометари и доверба во нив.

„Несфатливо е колку промашивме. Повторно истото ни се случува. Долг е патот за да направиме силна селекција со млади играчи, а дали со мене или не – не знам. Конечно треба да се свртиме кон тоа вистинско подмладување и ќе треба да ризикуваме. Денеска одбраната не беше виновна, туку лошо игравме во нападот. Повторно имавме слаба реализација, а брзо ни избега мечот, неколкупати се обидовме да се вратиме, но Австрија заслужено победи, беа потрпеливи, нам ни влезе нервоза… Останува да им дадеме доверба на младите, одиме понатаму, мислам дека во догледно време ќе имаме добра селекција и ќе се вратиме на големата сцена“, рече Брестовац.