Ракомет
Брестовац: Ќе имаме проблеми ако избегнуваме физички контакт против Египет
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац во пресрет на денешната пресметка со домаќинот Египет изјави дека ако играме како против Шведска, тогаш ќе има многу проблеми.
-Ќе имаме многу проблеми ако се однесуваме како на првиот меч со Шведска, да избегнувавме физички контакт, одговорност во некои ситуациии да реализираме. И во одбраната не се снаоѓавме најдобро во тие некои ситуации „еден на еден“, каде што требаше да си помогаат играчите, изјави Брестовац.
Тој додава дека е недостига и тимски дух, но се надева дека сето ова ќе биде поправено на дуелот против Египет, кој се игра попладнево со почеток во 18:00 часот.