Connect with us

Други спортови

Бријаторе му предложи на Ферари казни за Фетел и Леклерк

Метиа Биното е на удар поради лошите резултати на Ферари на стартот на новата сезона, а по последната трка тој сигурно не спие мирно.

На Ринг Бул Ринг во Австрија, и двајцата возачи на Ферари ја завршија трката уште на самиот старт откако Чарлс Леклерк се судри со Себастијан Фетел.

Флавио Бријаторе, поранешниот шеф на Рено и една од најхаризматичните личности во најбрзиот циркус во светот, смета дека и двајцата возачи треба да бидат казнети со намалување на платите.

„Тоа беше катастрофа. Инженерите и механичарите треба да се почитуваат, како и боите на тимот како што е Ферари. Тие не требаше да ризикуваат, треба да бидат дисциплини“, рече Бријаторе

„Болидот не е на возачот, туку на тимот. Овие момци треба да ја почитуваат тимската работа. Јас би одзел од 5 до 10% од нивната плата. Единствениот начин да се спречи ова е да удрите по џебот“, рече Италијанецот.

Фетел на крајот на сезоната дефинитивно ќе го напушти Ферари и сигурно е дека Леклер не може да ја очекува неговата помош во продолжението насезоната.