Connect with us

Други спортови

Британија ќе му забрани на Медведев настап на Вимблдон, ако не докаже дека не го поддржува Путин?!

Британија ја разгледува опцијата да му забрани на тенисерот од Русија Даниел Медведев да учествува на Вимблдон.

Новинарот на „Тајмс“, Крис Смит, пишува дека Медведев ќе мора да исполни неколку услови за да добие дозвола да игра. Медведев треба да обезбеди гаранции дека не го поддржува Владимир Путин и неговата политика. Данил Медведев, на почетокот на руската инвазија врз Украина, јасно кажа дека се противи на војната.

Вимблдон оваа година ќе се одржи од 27.јуни до 10.јули. Тој вчра доживеа елиминација од мастерсот во Индијан Велс и остана без првото место на АТП листата, а претпладнево го дочека со загрижувачки информации од Велика Британија.