Connect with us

Фудбал

Британските обложувалници убедени дека Конте набргу ќе добие отказ

Италијанскиот стручњак Антонио Конте успеа да стигне до трофејот во Премиер лигата во својата прва сезона на клупата на Челзи, но сега е на работ на отказ откако „сините“ примија седум гола на последните два натпревара.

Се чини дека раководството на Челзи го загуби трпението по поразите од Борнмут (3:0) и синоќа од Вотфорд со 4:1.

Конте е под голем притисок, интензивно се шпекулира за негово отпуштање, а во прилог на тоа е и фактот што британските обложувалници целосно ги намалија квотите за заминување на Италијанецот од „Стемфорд Бриџ“.

Некои обложувалници се сигруни дека Конте во следните 24 часа ќе добие отказ па забранија секакви уплати за таков развој на настаните во таборот на актуелниот англиски шампион.