Други спортови
Британско дуо на главните позиции, Мерцедес се врати, прва победа на Расел
Џорџ Расел е победник на трката во Ф1 за Големата награда на Бразил, прв триумф во неговата кариера.
На самиот почеток на трката видовме инцидент помеѓу Магнусен и Рикиардо, Австралиецот се исфрли себеси и Данецот од трката.
На патеката веднаш беше испратено безбедносно возило, на самото рестартирање видовме контакт помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон.
Во истиот круг, круг број седум, видовме судир меѓу Леклер и Норис, за што Британецот доби казна од пет секунди. За тоа време Џорџ Расел одлично ја водеше трката, со безбедно возење се повеќе се оддалечуваше од Серхио Перез. Одлична трка возеше и Луис Хамилтон, Мерцедес водеше во поголемиот дел од трката – постариот Британец го престигна Перез и обезбеди 1-2 за Мерцедес.
Финишот на трката беше многу возбудлив, Ландо Норис го паркираше болидот на страната на патеката што ни донесе уште едно безбедносно возило. Имавме уште 12 круга до рестартирањето, Расел направи одлична работа да го задржи својот постар колега зад себе за да ја оствари својата прва победа во Формула 1.
Редоследот на топ 10 е следниов – Расел победник, Хамилтон, Саинц, Леклерк, Алонсо, Верстапен, Перез, Окон, Ботас и Строл.