Connect with us

Фудбал

Бродолом на „Росонерите“ во Бергамо: Изедначен најголем пораз на Милан во историјата!

Фудбалерите на Аталанта во 17. коло од Серија А го совладаа Милан во Бергамо со неверојатни 5:0.

Аталанта влезе во мечот брилијантно и дојде во водство по десет минути, а Папу Гомез постигна фантастичен гол. Во продолжението на првиот дел, Пашалиќ и Иличиќ се обидоа да го совладаат Донарума, но резултатот остана 1:0.

Сепак, во второто полувреме росонерите беа целосно потопени бидејќи примија уште четири гола.

Се започна во 61. минута кога Пашалиќ погоди за 2:0, а Иличиќ зголеми на 3:0 само две минути подоцна. Тогаш беше јасно дека прашањето за победникот е решено и останува да се види уште колку голови ќе даде домашната екипа.

На крајот Аталанта застана на пет затоа што Иличиќ и Муриел стрелаа до крајот на мечот.

Најголемиот пораз на Милан од Серија А сега е изедначен, бидејќи „Росонерите“ загубија од Рома со истиот резултат пред 21 година. Нивниот најубедлив пораз на домашен терен го нанесе Јувентус во 1997 година, а резултатот беше 1:6. Значи, Милан го изедначи ова со нивниот најубедлив пораз во историјата на лигата.

Аталанта се проби на 5. место со 31 поен по победата, додека Милан остана на 10. место со десет бода помалку.