Connect with us

Фудбал

Бројни понуди за „бисерот“ на Реал Мадрид, каде ќе ја продолжи кариерата?!

Реал Мадрид во последните години одлично работи со младите фудбалери, кои многу често ги купува, па ги праќа на позајмица на „калење“. Таков случај може да биде со Рејниер Жезус. За неговите услуги Реал плати 30 милиони на Фламенго во јануари, веднаш е испратен во Б тимот. Таму на три меча постигна два гола и една асистенција.

На лето, со оглед на конкуренцијата во првиот тим, можно е да замине на позајмица. Голем интересима од Ваљадолид и Реал Сосиедад, а се приклучи и Сарагоса која најверојатно ќе се врати во елитата. За него е заинтересиран и Баер Леверкузен, но останува да се види каква одлука ќе донесе пред се Зинедин Зидан.