Поврзи се со нас

Други спортови

Бројот на гледачи на португалското Гран при се намалува од 46 на 27,5 илјади

Портимао, 19 октомври 2020 (МИА) – Организаторите на трката од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Португалија најавија намалување на бројот на гледачи.

  • Додека ја чекаме конечната одлука на Министерството за здравство, одлучивме максималниот број на гледачи да биде 27.500, соопшти Пауло Пинеиро, раководител на патеката „Алгарве“.

Првично, 46 илјади билети беа ставени на продажба, меѓутоа, поради влошената состојба со коронавирусот во земјата, беше одлучено да се намали бројот на навивачи на трибините.

Трката во Портимао, треба да се вози следниот викенд. зс/

loading...

Facebook