Поврзи се со нас

Фудбал

Бројот на заразени лица во Интер се зголемува

Милано, 9 октомври 2020 (МИА) – Голманот на Интер, Јонуц Раду е уште еден во тимот заразен со коронавирус, потврдија од клубот.

Романскиот голман е петтиот играч на Интер кој дал позитивен тест во последните денови по Алесандро Бастони, Милан Шкрињар, Роберто Гаљардини и Раџа Наинголан.

Еден од заразените – Роберто Гаљардини, ги увери навивачите дека се чувствува добро.

– Благодарам за пораките што ги добивам. Јас сум изолиран, наскоро ќе се видиме на „Сан Сиро“, напиша Гаљардини.

Зголемениот број на заразени го доведува во прашање одржувањето на градското дерби Интер – Милано на 17 октомври.

Од Милан, пак, во оваа фаза потврдени со коронавирус се Златан Ибрахимовиќ и Лео Дуарте.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама