Други спортови
Бронзен медал за Канада во хокеј на ЗОИ
На ЗОИ завршни натпревари на хокеарскиот турнир каде е поделен и првиот медал.
Во малото финале селекцијата на Канада успеа да слави против Чешка и да се закити со бронзен медал.
Досегашните олимписки шампиони постојано беа во предност, во еден момент и со убедливи 6:2, а Чесите на крајот со два гола избегнаа катастрофа.
Големото финале во кое за златниот медал ќе се борат селекциите на Русија и Германија се игра утре изутрина во 5 часот.