Други спортови
Бронзен медал за Трајковски во скок во далечина во Истанбул (ВИДЕО)
Македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски го освои бронзениот медал во скок во далечина на Балканското првенство во сала за сениори, кое се одржува во Истанбул. Трајковски успеа да скокне 7 метри и 62 сантиметри. Победи Смалај од Албанија кој скокна 7,79 метри,а втор беше Марко Чеко од Хрватска со скок од 7,71. На Балканското првенство треба да настапат уште двајца наши атлетичари, Јован Стојоски во дисциплината 400 метри, како и Дарио Ивановски во дисциплината 3000 метри.