Connect with us

Други спортови

„Бронзениот бомбардер“ се враќа во рингот една година откако беше нокаутиран од Фјури

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Деонтеј Вајлдер ќе се врати во рингот една година откако го загуби третиот меч против Тајсон Фјури за шампионскиот појас на Светскиот боксерски совет.

Американецот потврди дека ќе се соочи со Финецот Роберт Хелениус на 15 октомври во Баркли центарот во Бруклин, а борбата ќе дојде една година и шест дена откако Бронзениот бомбаш беше нокаутиран од Фјури во Лас Вегас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deontay Wilder (@bronzebomber)

„Патувањето е долго за мене, но продолжува. Многу пати размислував дали да се вратам во рингот или да се држам подалеку од него. Кога ја примив статуата во мојот роден град и видов дека многу луѓе доаѓаат да слават со моето семејство, ги видов овие емоции, возрасните мажи плачат и тврдат дека јас сум вистинскиот крал, тоа ме натера да чувствувам дека мојата работа не е завршена“, изјави 36-годишниот Вајлдер кој во кариерата има 42 победи (41 со нокаут), 2 порази и 1 реми.

Што се однесува до неговиот противник, Роберт Хелениус има 38 години, роден во Стокхолм, но има финско државјанство и во досегашната кариера има 31 победа (20 со нокаут) и 3 порази.