Фудбал
Брука на шпанскиот тим, седнале на кафе, па го пропуштиле авионот за гостувањето во Севиља
Од 18:30 часот не очекува натпреварот на Севиља со Лас Палмас во петтото коло од Примера, а фудбалерите на тимот од Канарските Острови едвај стигнаа до Андалузија. Дури 15 играчи на Лас Палмас го пропуштија летот за Севиља и пристигнаа на гостувањето само кога клубот итно ангажираше чартер лет за да ги доведе до местото на натпреварот. Причината за доцнењето? Кафе! Во Севиља навреме пристигнаа само неколку играчи и дел од стручниот штаб. Играчите и двајцата физиотерапевти кои не пристигнале навреме во Севиља биле известени дека летот доцни, па седнале на кафе во еден популарен ресторан. Кога стигнале на аеродром, немало авион!
Меѓутоа, истата вечер во Севиља пристигнал и остатокот од експедицијата на Лас Палмас и ноќта пред натпреварот спиеле во хотел. Овој дуел ќе биде многу важен за двете селекции бидејќи и двете селекции се уште ја чекаат првата победа. Севиља одигра три натпревари и забележа порази од Валенсија, Алавес и Џирона, додека Лас Палмас е 18-ти со два освоени бода во реми со Реал Сосиедад и Мајорка.