Фудбал
Бруно Фернандес нов играч на Манчестер Јунајтед!
Португалскиот фудбалер Бруно Фернандес ќе го напушти Спортинг и ќе ја продолжи кариерата во дресот на Манчестер Јунајтед.
Сагата на Бруно Фернандес трае со месеци бидејќи тој беше на чекор од пристигнувањето на „Олд Трафорд“ ова лето, но на крајот остана во Спортинг. Португалецот деновиве се поврзува со преселбата во Барселона, но ништо нема да дојде од тоа.
Манчестер јунајтед денес на својата официјална веб-страница потврди дека постигнале договор со Спортинг околу трансферот на овој 25-годишен офанзивен играч.
Фернандес веќе пристигна во Манчестер на лекарски преглед, а трансферот треба да биде официјален наскоро. Од продажбата на овој играч Спортинг се очекува да заработи околу 55 милиони евра, додека уште 25 ќе бидат исплатени преку разни бонуси.
„Манчестер Јунајтед е задоволен што објави дека е постигнат договор со Спортинг за трансферот на Бруно Фернандес. Трансферот ќе биде официјализиран по медицинските прегледи и потпишувањето на договорот“, изјавија од „Олд Трафорд“.
