Connect with us

Фудбал

Бруно Фернандеш за тоа што се случува со Кристијано Роналдо

Бруно Фернандеш, кој е сонародник и соиграч на Кристијано Роналдо и во Манчестер Јунајтед и во Португалија, го коментираше отсуството на напаѓачот од таборот на англискиот тим. ЦР7 никогаш не се појавил на тренинг, наводно тренирал индивидуално во Лисабон надевајќи се на трансфер. Претставниците на „Олд Трафорд“ ги наведоа „семејните причини“ како изговор што го даде Роналдо. Се вели дека Бруно е многу блиску до голгетерот и бил запрашан дали има внатрешни информации за тоа што се случува со него.

„Единствено што го прашав кога не се појави беше дали се е во ред со неговото семејство. Ми кажува што се случува и тоа е тоа – ништо повеќе“, објасни Фернандеш, цитиран од „Да Атлетик“.

„Мораме да го почитуваме изборот на секој човек. Не знам што им порача Кристијано на клубот и на менаџерот, но да го почитуваме неговиот личен простор“, продолжи поранешниот играч на Спортинг (Лисабон).

Бруно се надева дека напаѓачот ќе се врати час поскоро: „Не знам што му се врти низ глава – дали сака да замине или не. Не сум го прашал такво нешто. Очигледно минатата сезона беше наш најдобар стрелец. Клубот треба да го направи својот избор, а Кристијано треба да го направи својот.