Тајмаут
Бруно Петковиќ „фатен“ со поранешната сопруга на легендата на Динамо?
Медиумите во Хрватска откриваат дека напаѓачот на Динамо, Бруно Петковиќ е исто така активен на поле на љубовта.
Со враќањето во Максимир, Петковиќ се прероди како фудбалер, тој стана член на националниот тим, но и предмет на постојани шпекулации за трансфер. Дека тој работи подеднакво добро во љубовта, потврдуваат и информацииите според кој овој напаѓач се гледа со Ива Шариќ.
Иако се шпекулираше дека неговото срце го освои тенисерката Дона Векиќ, наводно Петковиќ бил виден со 31-годишната Ива, како вечерале со насмевки на лицето во ресторан во Загреб.
Според фотографијата објавена во хрватските медиуми, може да се види дека имало искра меѓу Бруно и Ива, но времето ќе каже дали фудбалерот и неговата пријателка ќе развијат романтична врска.
Она што е интересно е дека Ива е поранешната сопруга на фудбалерот Јерко Леко, која исто така еднаш играше за Динамо. Двајцата се венчаа и имаа два сина, Карлос и Леон.