Поврзи се со нас

Фудбал

Брутална порака од легендата на Јунајтед

Шест натпревари, само седум освоени боови, е учинок на Манчестер Јунајтед на отворањето на новата сезона во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ вчера беа поразени од Арсенал на големо дерби, а легендарниот Рој Кин беше критичен кон играчите.

Човекот кој е симбол на Манчестер Јунајтед долги години верува дека Фред, Матиќ и Мектомини не се играчи кои ќе го вратат Јунајтед на патеките на старата слава.

„Тука има многу добри играчи, но тие мора да покажат повеќе. Но, ако мислите дека Фред, Мектомини и Матиќ ќе го вратат Манчестер Јунајтед на своите поранешни височини и ќе освојат трофеи во средниот ред, тогаш живеете во светот на фантазијата“, рече Кин.

„Тие не се способни за тоа. Тие се добри играчи, ми се допаѓаат, но не е доволно да се скокне на следното ниво, што е она што навистина му треба на клубот“, додаде легендарниот фудбалер на Јунајтед.

loading...

Facebook