Фудбал
Брутално ги казни за претрчаните километри во Брентфорд, а синоќа можеше да се гордее со нив
Синоќа Манчестер Јунајтед го победи лутиот ривал Ливерпул со 2:1 во големото дерби на домашен терен.
„Црвените ѓаволи“ успеаја да извојуваат важна победа против својот најголем ривал, со што надоместија за срамот кај навивачите на почетокот на сезоната против Брајтон и Брентфорд.
Јунајтед најпрвин беше поразен на домашен терен од Брајтон, а потоа доживеа катастрофа на гостински терен против Брентфорд кој го победи пред своите гледачи со 4:0.
Сепак, покрај поразот, најтешко за тренерот Ерик тен Хаг беше тоа што неговите играчи изгледаа тотално без знаење на теренот, а противниците ги совладаа во сите сегменти.
На Тен Хаг особено му пречеше тоа што играчите на Брентфорд истрчаа дури 13 километри повеќе од играчите на Јунајтед, а холандскиот стручњак ги казни веќе на првиот тренинг по тој пораз.
Фудбалерите на Јунајтед на тој тренинг мораа да истрчаат дури 13 километри, што беше брутална казна од Тен Хаг, кој им покажа дека не треба да се зафркава.
Колку се паметни покажаа на синоќешниот натпревар против Ливерпул, бидејќи Манчестер Јунајтед и во тој сегмент доминираше.
Имено, фудбалерите на Манчестер Јунајтед трчале речиси 19 километри повеќе од играчите на Ливерпул, што е навистина неверојатен податок.
Домашните фудбалери на синоќешниот меч истрчаа вкупно 113,8 километри, додека играчите на Ливерпул 95,6 километри, што е навистина огромна разлика и показател колку лошо изгледаа „црвените“ на теренот синоќа.
Ова е најдобар показател колку Тен Хег е строг на тренинзите, но и дека има целосен авторитет во соблекувалната на Манчестер Јунајтед.