Поврзи се со нас

Фудбал

Брутално нападнат и претепан судија во македонската трета лига Север

За време на вчерашниот натпревар од македонската трета лига Север одигран во Куманово помеѓу екипите на Башкими Куманово и Њу Старс од Скопје брутално бил нападнат, тепан и претепан главниот судија, Христијан Божиновски од Скопје, дознава SPORTM.mk

Имено, по завршување на првото полувреме, кое се одвиваше сосема коректно и фер, без фаули и тензии, кога главниот судија и двајцата асистенти се упатија кон соблекувалните, без никаква причина и без никаков збор, главниот судија Христијан Божиновски од Скопје беше нападнат од 10 (десетина) засега непознати лица (кои беа гледачи на натпреварот, иако тоа во услови на COVID-19 не е дозволенo).

Главниот судија првично беше тепан пред соблекувалната на теренот, паднат на земја и брутално удиран со тупаници и клоци, некако успеа да стане и на момент да избега од напаѓачите, но зашеметен се сопна, повторно падна и повторно истите тие 10 (десетина) непознати лица повторно почнаа да го тепаат.

Откако асистентите успеаја да го извлечат и спасат (на некој начин), бидејќи немаше присуство на полиција, истите беа заклучени во стадионот и од страна на делегатот им било сугерирано и истите биле убедувани да го продолжат натпреварот.

Имено, судиите и главниот судија (буквално претепан) со плачење 45 минути го молеле делегатот да биде повикана полиција за да истите бидат спасени. Делегатот не повикал полиција, но за среќа некој повикал полиција која пристигнала на местото.

Откако пристигнала полицијата, истите прво биле во вербална (а можеби и физичка) расправија со напаѓачите и насилниците, а потоа полицијата успеала некако да ги изнесе фудбалските судии.

Инцидентот ко потврдуваат и до Министерството за внатрешни работи.

Facebook

loading...