Други спортови
Брзаше кон октагонот за да стекне слава, но доживеа брутално приземјување (ВИДЕО)
Неименувана девојка се обиде да налета на октагонот на УФЦ минатиот викенд.
На снимката која се појавила девојката се обидела да упадне во кафезот поради славата на социјалните мрежи и потрчала кон него.
Сепак, таа стигна само до влезот. Обезбедувањето немаше милост, несреќната жена беше буквално исфрлена од октагонот.
Следниот пат сигурно два пати ќе размисли пред да направи вакво нешто, но тешко дека ќе добие повеќе билети за некој настан на УФЦ.
A girl tried to rush the cage at UFC 274 and was launched by security as she attempted her ascent pic.twitter.com/u45cC1tZV8
— Bloody Elbow (@BloodyElbow) May 9, 2022
Да потсетиме, UFC 274 се одржа минатиот викенд во Аризона и донесе големи борби.
Мајкл Чендлер брутално го нокаутира Тони Фергусон во втората рунда, додека Чарлс Оливеира го задави Џастин Геатје во првата рунда.