Connect with us

Фудбал

Буфон е најдобриот голман на сите времиња

Според изборот на „Газета дело Спорт“, најдобар голман на сите времиња и Џанлуиџи Буфон.

Италијанскиот реномиран медиум „Газета Дело Спорт“ состави жири од 18 голмани од 18 различни земји, а меѓу нив беа Мануел Нојер, Жулио Сезар и Питер Шмајхел. Во оваа трка, овој избор, најмногу гласови доби токму Буфон или поточно седум со што го победи најблискиот конкурент Лев Јашин за два гласа.

По еден глас добија Гордон Бенкс (Англија), Икер Касиљас (Шпанија), Сеп Маер (Германија), Ладислао Мзуркевич (Уругвај), Рожерио Сени (Бразил), Клаудио Тафарел (Бразил) и Петер Шмајхел (Данска).

„Џиџи е неверојатен, секогаш сум се угледувал на него, не само на теренот каде има феноменални рефлекси, туку поради неговиот карактер надвор од теренот“, изјави тренерот на Баерн Мануел Нојер, кој гласаше за Буфон и за Јашин. Рускиот голман Вјачеслав Малафеев гласаше за Буфон.

„Џиџи е супериорен и уште игра на 42 години. Тој е вонвременска фудбалска икона, какви што имате на филм или во музиката“, наведе тој.