Фудбал
Буфон ги шокираше сите кога откри за која земја ќе стиска палци на Светското првенство
Италија не се пласираше на Светското првенство во Катар оваа година, но светскиот шампион од 2006 година Џанлуиџи Буфон со „аѕурите“ има тим за поддршка за време на турнирот.
45-годишниот голман на Парма учествуваше на „Мировниот натпревар“ на кој учествуваше и легендата на бугарскиот фудбал Христо Стоичков. Пред тоа Буфон зборуваше за италијанските медиуми и ги откри своите очекувања од Мундијалот.
„Како и обично, кога мојата земја не е на турнирот, се обидувам да ги следам земјите во кои играат моите соиграчи или пријатели, а понекогаш ги следам и аутсајдерите. Во овој случај, нацијата за која ќе навивам е Камерун“, изјави Џиџи Буфон.
Голманот беше инспириран во 1990 година од камерунскиот чувар Томас Н’Коно. Буфон беше толку благодарен на својот идол што реши да го именува својот син Томас во чест на камерунскиот голман.
Африканската нација е во групата Г на Светското првенство, во која се уште селекциите на Швајцарија, Србија и Бразил.