Фудбал
Буфон ќе каже „крај“ на прес-конференција во четврток
Легендарниот голман на Јувентус и италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон ќе организира прес-конференција во четврток, на која се очекува официјално да го објави крајот на својата кариера, која започна во 1995 година.
Во текот на сезоната се тврдеше дека 40-годишниот Буфон ќе ги закачи ракавиците по крајот на сезоната, но до моментов официјално соопштение од голманот недостасуваше.
Доцна синоќа Јувентус ја освои својата седма последователна титула во Италија, а по дуелот Џорџо Киелини напомена дека Буфон ќе му недостасува на клубот. Поранешниот голман на „азурите“ постави час за пресот, кој ќе започне во 11:30 часот по наше време.
Буфон ја започна својата кариера во тимот на Парма, за кој играше од 1995/2001. По трансферот во Јувентус, тој освои 9 италијански титули и 4 Купови од земјата. Во 2006 година стана светски шампион со Италија на Светското првенство во Германија.