Поврзи се со нас

Фудбал

Буфон пред ново историско достигнување

Лондон, 17 октомври 2020 (МИА) – Легендата на италијанскиот фудбал и Јувентус Џанлуиџи Буфон е на прагот на ново историско достигнување. Доколку голманот започне денес против Кротоне, тој ќе ја започне својата 24-та сезона во професионалниот фудбал и ќе го одигра својот 650-ти натпревар во Серија „А“.

-текстот продолжува по рекламата-

Дуелот на „бјанконерите“ со дебитантот во елитата е денес во 20:45 часот по наше време.

Војчех Шчесни веројатно ќе биде подготвен за мечот по тешките натпревари за Полска на турнирот во Лигата на нации, но Андреа Пирло може да му даде пауза и да се обложи на искусниот Буфон, што ќе му даде можност да започне за прв пат под рамките оваа сезона.

-текстот продолжува по рекламите-

Откако дебитираше за Парма против Милан на 19 ноември 1995 година, голманот има одиграно 649 натпревари во Серија „А“, што го прави единствен лидер во италијанската елита по бројот на натпревари пред Паоло Малдини со два.

Во сите клупски натпреварувања Буфон има 916 натпревари, а за репрезентацијата на Италија има 176 натпревари и уште еден куп настапи за неговата земја на младинско ниво.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама