Connect with us

Фудбал

Буфон: Се надевам дека Сари ќе остане во клубот

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон се надева дека Маурицио Сари ќе остане во клубот.

„Бјанконерите“ во моментов се наоѓаат на врвот во Серија А, борејќи се за место во финалето во Копа Италија и за пласман во четврт финалето во Лигата на шампионите, но Маурицио Сари сепак е изложен на критики во медиумите.

Италијанските медиуми се почесто шпекулираат дека Сари наскоро би можел да биде поранешен тренер, а сега се огласи и Буфон ја даде својата поддршка на својот тренер.

„Се надевам дека Сари останува, бидејќи тоа значи дека ќе освоиме нешто“, рече легендарниот голман, осврнувајќи се на борбата за Скудето што ја водат со Интер и Лацио.

„Кога станува збор за домашното првенство, верувам дека Лацио ќе биде нашиот најголем ривал, доколку Интер добро помине во Европа“, рече Буфон.

Јувентус денеска ќе гостува кај СПАЛ во 25. коло од Серија А.