Фудбал
Буфон се прости од Јувентус – Јуве донесе талент и го претвори во шампион
Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон денеска соопшти дека ќе го напушти Јувентус на крајот од оваа сезона.
Долго се зборуваше за судбината на Буфон оваа сезона, а голманот денеска конечно ја откри својата одлука. Сепак, денес не кажа дека ја завршува својата кариера.
„Сакам да им се заблагодарам на семејството на Јувентус. 2001 Јуве доведе извонреден талент и го претвори во шампион. Јуве направи јас да бидам шампион. Тие ми помогнаа да направам чекор напред кога станува збор за верување, психа и вештини. Верувам дека Јувентус е заслужен за ова што јас се уште сум тука и бранам на ова ниво со 40 години, бидејќи тој има поинаков пристап од сите други клубови. Оваа психологија ја усвоив и сигурен сум дека ќе ми користи во секојдневниот живот по фудбалот“, изјави Буфон, и продолжи:
„Во сабота ќе го одиграм последниот натпревар за Јувентус. Мислам дека ова е најдобриот начин да се стави крај на ова фантастично искуство“, изјави Буфон, кој не кажа дали ќе се пензионира.
Буфон во Јувентус поминал дури 17 години, а со клубот има освоено девет пати првенството на Италија, четири пати Купот, пет пати Супер Куп, а одигра и три финалиња во Лигата на шампионите.