Фудбал
Буфон се враќа по 243 дена во Лигата на шампионите
Во среда, Јувентус ќе се соочи со Баер Леверкузен во шестиот и последен натпревар од групната фаза во ЛШ. За „Старата дама“ овој натпревар нема голема вредност бидејќи ги обезбеди квалификациите и првото место. Сепак, ќе биде можност Маурицио Сари да ротира во составот и да одмори некои играчи кои играа во последните неколку недели. На пример, за прв пат оваа сезона, по 26 последователни настапи за Јувентус и италијанската репрезентација, во составот нема да биде Леонардо Бонучи.
Одбрана ќе биде составена од „вторите виолини“, Ругани и Демирал, кои ќе треба да ја искористат можноста. Шчесни го препушта местот на Џиџи Буфон на портата, црно-белиот ветеран ќе биде меѓу стативите за прв пат во Лигата на шампионите ова сезона. Точно, Буфон не играше на натпревар во Лигата на шампионите со Јувентус од 11 април 2018 година, или од таа вечер во Мадрид, во кој контроверзниот пенал на Кристијано Роналдо ја елиминираше „Старата дама“. Во тоа време имаше многу контроверзии од самиот италијански голман.
243 дена подоцна, дури и ако е во не толку значаен натпревар, Буфон се враќа да игра со Јувентус во Европа. Во средниот ред, веројатно ќе биде Куадрадо, како што изјави самиот Сари по поразот од Лацио. Заедно со него, Рабиот и Пјаниќ би ј акомплетирале средината. Нападот изгледа без многу дилеми, Бернардески зад Роналдо и Игуаин.
Ова е потенцијалниот состав на Јувентус против Леверкузен: (4-3-1-2): Буфон, Данило, Демирал, Ругани, Де Шиљо, Куадрадо, Пјаниќ, Рабиот, Бернардески, Игуаин, Роналдо.