Фудбал
Бугарите не сакаат ниту фудбал да играат со македонски екипи, по притисокот од навивачите, ФК Пирин Благоевград го откажа мечот со ФК Скопје
По притисок на навивачите, а поради последните случување, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб Цар Борис Трети во Охрид, ФК Пирин Благоевград го откажа пријателскиот меч со ФК Скопје кој требаше да се игра утре.
Одлуката ја соопшти самиот клуб преку социјалните мрежи, па наместо со ФК Скопје, ќе играат со Марек Дупница.
Ваквата одлука доаѓа откако нивите навивачи упатија ултиматум до клубот да ја откаже планираната пријателска средба, поради како што велат, навредите и нападите кон Бугарите во Македонија.
Откажете го мечот со ФК Скопје, навивачи на бугарски клуб со ултиматум до раководството (ФОТО)