Connect with us

Фудбал

Бугарите со лого и фан клуб на Вардар во акција, собираат пари да основаат фудбалски клуб во Македонија

Бугарската фондација на контроверзниот Виктор Стојанов најави дека ќе регистрираат бугарски фудбалски клуб наречен ФК Вардар – бугарски, како македонскиот најтрофеен и најпознат клуб. Со логото на ФК Вардар и бугарско знаме, објави акција за собирање на средства. Како што пишува целта е да се соберат најмалку 15.000 евра за основање на бугарски клуб, кој би се натпреварувал во пониските македонски лиги.