Тајмаут
Бугарка поради Новак добила 10.000 евра: Ѓоковиќ сакал да ја слушне, а тоа чини многу пари! (ФОТО)
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ реши да направи мала пауза во кариерата откако играше за Србија во Дејвис купот и донесе две победи против Грција за опстанок во Светската група. Веднаш по тие обврски тој замина во Бугарија на ревијален меч против неговиот голем пријател Григор Димитров, а таму имаше најмалку тенис.
Григор и Новак се соблекваа пред полна сала, отпеаја народна песна која е многу популарна и во Србија, а патем ги оставија децата да играат неколку поени и да имаат искуство кое ќе го паметат засекогаш. По натпреварот забавата се пресели во клубот, каде повторно заедно пееја Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров, но овој пат со Камелија, позната бугарска фолкерка. Таа му го отпеа својот голем хит „Луда по тебе“ на најдобриот тенисер на сите времиња, па дури и наплати 10.000 евра! Локалните медиуми тврдат дека забавата траела до пет часот наутро, па може да се каже дека Камелија во целост ги оправдала заработените пари бидејќи цела ноќ ги забавувала специјалните гости.
Ова е Камелија:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram