Фудбал
Бугарски Левски се жали до УЕФА во пресрет на утрешното гостување во Скопје
Бугарскиот клуб Левски се жали на УЕФА во пресрет на гостувањето во Скопје. Имено, утре, со почеток во 21:00 часот Шкупи го пречекува Левски во рамките од второто квалификациско коло. Бугарскиот тим испратил допис до УЕФА со поплаки поради цената на билетите. Имено, како што се вели во нивниот допис, разликата за домашните и за гостинските фудбалери била огромна. За домашните навивачи максималната цена била 200 денари, а за гостите 1200 денари.
„На официјалната веб-страница на ФК Шкупи е објавена информација која покажува шокантна разлика во цените на билетите за домашните симпатизери и оние на Левски, за натпреварот од 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА 2023/24 на 27.07.2023 на Стадионот „Тодор Проески“ во Скопје. Во таа насока, раководството на ПФЦ Левски го упати проблемот до организаторите на фудбалскиот натпревар и до претставниците на УЕФА (делегат на УЕФА и службеник за безбедност на УЕФА) почитувајќи ги одредбите од европската централа за турнирот“, стои во ставот на Левски.