Фудбал
Бундеслигата продолжува во мај, но нема да има навивачи до 2021 година
Сите клубови во Бундеслигата се вратија на тренинзи и наскоро со нетрпение го очекуваме она што сите го посакувавме – продолжување на натпреварот!
Бундес лигата беше прекината од 11 март, но планот е да започне на почетокот на мај и да заврши до крајот на 30 јуни, како што бара УЕФА. Остануваат девет кола во Бундеслигата и Германците нема да имаат многу проблеми да го завршат шампионатот.
Главниот извршен директор на конкуренцијата, Кристијан Сеифер, изјави за „Њјорк Тајмс“ дека натпреварувањето ќе продолжи на сите 36 стадиони во Бундеслига и во втората лига, но дека навивачите веројатно нема да се вратат на стадионите до 2021 година.
Коронавирусот ја зафати и Германија. Оваа земја е петта заразена во светот, но прва кога го гледаме односот на заразени и смртни случаи. Со други зборови, многу мал број на луѓе умираат од „Ковид-19“ во Германија и како што пренесуваат странските медиуми, нема да биде проблем играчите да се вратат на теренот.
Сеифер додаде дека максимум 240 лица, вклучително и тренерски персонал, играчи, медицински персонал, службени лица и чувари, ќе можат да присуствуваат на еден натпревар.
Тој се осврна и на трансферите ова лето.
„На кратко, би рекол дека трансферот период нема да постои летово, тоа ќе пропадне. Некои лиги и клубови ќе сфатат дека парите не се нешто што доаѓа автоматски секој месец, но мора да се работи напорно“, рече тој.
Лидер во Бундеслигата пред паузата беше Баерн Минхен, но Дортмунд и Лајпциг не се далеку зад него и сигурни сме дека лигата ќе биде многу интересна до самиот крај.