Connect with us

Фудбал

Бунт во соблекувалната на Јувентус. Три ѕвезди го нападнаа Алегри за тактиката

Севиља го победи Јувентус со 2:1 по продолженија во драматичниот реванш од полуфиналето на Лига Европа и по седми пат се пласираше во финалето на ова натпреварување, каде на 31 мај во Будимпешта ќе игра против Рома, која со вкупни 1:0 го победи Леверкузен. Ден по натпреварот, „La Repubblica“ извести за бунт во соблекувалната на Јувентус.

Него го предводат Анхел Ди Мариа, Федерико Киеза и Хуан Куадрадо, кои негодуваат за дефанзивната поставеност на тренерот Масимилијано Алегри во Севиља. Пред натпреварот, Колумбиецот Куадрадо изјави дека Јувентус високо ќе ја притисне Севиља, но само доколку тоа им го дозволи тренерот Алегри. Офанзивните фудбалери на Јувентус се иритирани и збунети од тактиката на нивниот тренер.

Посебно незадоволни се Ди Марија и Куадрадо, кои сметаат дека не е во ред што најистурениот играч на Јувентус стои на само 35 метри од голманот Војчех Шчесни. Несреќен е и Киеза, за кого нема место во формацијата 3-5-2, бидејќи примарна позиција му е левото крило.

Сосема е сигурно дека Куадрадо ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот. Ди Марија треба да продолжи на уште една сезона, а Киеза исто така да остане.