Connect with us

Фудбал

Бунт во соблекувалната на Реал Мадрид, играчи му работат зад грб, за негова смена?!

Реал Мадрид веќе може да размислува за четврт-финалето во Лигата на шампионите бидејќи на првиот меч на „Енфилд“ го совлада Ливерпул со 5:2, но на сите други полиња – еден тон проблеми.

Во домашното првенство ништо не им оди од рака, па по ремито против Бетис (0:0) останаа на цели девет бода од Барселона и тешко дека ќе ја одбранат титулата, што повлекува сериозно незадоволство во соблекувалната.

Добро информираното радио „Кадена СЕР“ објави дека имало бунт против Карло Анчелоти, бидејќи се повеќе играчи се незадоволни од начинот на кој го води тимот.

Прво се шпекулираше дека Дани Себаљос, Марко Асенсио и Еден Азар му свртеле грб на Карло Анчелоти, а потоа и некои други играчи се побунија против него. Неофицијално, тоа се пред се Едуардо Камавинга и Аурелиен Чуамени, што сега се пет играчи кои му „работат зад грб“. Анчелоти отсекогаш знаел да ја одржува соблекувалната смирна и да има играчи на негова страна, но се чини дека во Реал Мадрид е малку поинаку.

Камавинга не е среќен што се почесто игра лев бек, додека Чуамени игра ретко. Очекуваше да добие поголема минутажа со заминувањето на Касемиро, но досега не импресионираше доволно за да биде незаменлив во стартните 11.

Интересно е тоа што првиот човек на клубот Флорентино Перез застана на страната на играчот кого скапо го плати, па дури и му предложи на Карло Анчелоти дека е време на клупата да ги пресели Лука Модриќ и Тони Крос, што Италијанецот не сака ни да слушне. Затоа во соблекувалната тлее незадоволство и затоа се почесто се зборува за евентуална замена на Анчелоти. Наводно, му бил поставен ултиматум дека мора да освои барем еден од трите најважни трофеи или мандатот ќе му биде „скратен“ за една година.