Connect with us

Фудбал

Бурата се уште е на Олд Трафорд: Кристијано Роналдо проговори и застана во одбрана на еден човек

Доста бура на почетокот на 2022 година во Манчестер Јунајтед.

Во медиумите се појавија различни пишувања, дури и за заминувањето на Кристијано Роналдо, а многу фудбалери се незадоволни од тренинзите што ги води Ралф Рангник и сакаат да го напуштат клубот.

Целата ситуација со изјава ја смири Кристијано Роналдо.

„На Рангник треба да му се даде време да се навикне на англискиот фудбал. Не е лесно само да се дојде во клуб како Јунајтед и да се започне со резултати. За сето тоа е потребно време и простор, а сигурен сум дека Рангник може да ги претвори идеите во добри резултати во времето пред нас“, изјави Роналдо.

Кристијано наводно не е премногу среќен во Јунајтед. Тој е загрижен за иднината на овој тим и англиските медиуми во претходните пишувања тврдат дека во никој случај не е среќен поради лошата игра на неговиот тим.

„Кристијано е многу загрижен за тоа што се случува во Јунајтед. Тимот доби огромни критики, а тој беше означен како еден од лидерите“, пишуваат англиските медиуми кои добија информации од извори блиски до клубот од „Олд Трафорд“.

Сепак, според новото соопштение, се чини дека сето тоа биле само шпекулации, а дали споменатата изјава била само моментално смирување на ситуацијата на Олд Трафорд, ќе покаже времето.