Фудбал
Бурно во Барселона, Ракитиќ тренирал поради казна
Атмосферата во таборот на Барселона по ремито со Еспањол (2:2) не е на највисоко ниво. Традиционално, како и секогаш, Каталонците на почетокот на новата година одржаа отворен тренинг, на кој присуствувале околу 5 илјади фанови.
Тренерот Ернесто Валверде незадоволството од мечот го пренел на тренинг, а играчите кои играа во саботата беа поштедени. Сите, освен Иван Ракитиќ. Хрватскиот репрезентативец играше во првото полувреме, а потоа беше изваден од игра.
Не е познато зошто Валверде не му дал одмор и на Ракитиќ, но шпанските медиуми шпекулираат дека тој тренирал поради казна за лошо одиграното полувреме против Еспањол.
Интересно е тоа што Артуро Видал, кој во игра влезе токму на местото на Ракитиќ беше поштеден и одмараше.