Connect with us

Фудбал

Буууммм, италијанско-американска компанија објави дека ја купува Академија Пандев (ФОТО)

Италијанско – американската компанија БРЕРА Холдинг ја купува Академија Пандев. Тоа е потврдено и од самата компанија. Како што велат тие, ова е дел од нивниот план за ширење на европскиот пазар. Секако, најавено е дека тимот ќе биде ребредиран, односно нема повеќе да го носи името Академија Пандев, туку ФК Брера.

-Ова е примерот на Брера Холдингс за имплементација на својата меѓународна стратегија, која паралелно ќе форсира ширење и промоција на брендот Брера ФК во Источна Европа. Со купувањето на Академија Пандев и ребрендирањето во Брера планот е да се зголеми тимскиот напредок, а местото е идеално за да се подготват фудбалерите за меѓународниот пазар и да се остварат приходи од настапите во УЕФА, се вели во нивното писмо.

Инаку, Горан Пандев, кој што е основач и досегашен финансиер на Академија Пандев, е независен член на Управниот одбор на оваа компанија.

Целиот текс од објавата за купувањето на Академија Пандев на следниот ЛИНК.