Други спортови
Бузалковски со први бодови од европскиот шампионат
Најдобриот македонски мотоциклист Христијан Бузалковски од „Team Seventy One” изминатиот викенд дојде до првите бодови во Алпе Адриа Европскиот шампионат.
Бузалковски со многу добар резултат, со најдобриот успех во рамките на македонскиот брзински мотоциклизам.
На патека ТТ Асен, Холандија, Бузалковски во конкуренција од 40 возачи, на првата трка стартуваше од 11. позиција и заврши на 16. место.
Борба до последен метар!
Gepostet von Buzalkovski Hristijan HB71 am Montag, 3. Juni 2019
Во втората трка нашиот натпреварувач стартуваше од 17. позиција, и успеа да дојде до 13. место, што е најдобар резултат за македонскиот брзински мотоциклизам.
– 13. место! Бодовите се тука! Пресреќен, како и мојот тим. Стартувавме од 17. место, успеавме да дојдеме до 13. позиција. Благодарност до сите за поддршката, што верувате во мене и што заедно чекориме кон повисоките места – се зборовите на Бузалковски.
Слободен печат