Connect with us

Фудбал

Чалханоглу има две интересни понуди од Премиер лигата

Зимскиот преоден рок е во тек, а изгледа дека ќе биде многу прометно на „Сан Сиро“ овој јануари.

Јануарскиот трансфер период во Милано започна со спектакуларното враќање на Ибрахимовиќ меѓу росонерите, се споменуваат некои нови имиња, но секако некои играчи ќе заминат.

Многу се зборува за заминувањето на Ребиќ, кој се наоѓа на излезната врата од клубот и само ситници го делат од враќање во Ајнтрахт. Медиумите на Апенините пишуваат дека турскиот интернационалец Хакан Чалханоглу може да ги следи неговите стапки.

Интерес за Чалханоглу покажаа Лестер и Њукасл, а и челниите на МИлан сакаат да го продадат.

Два тима со различни претензии за оваа сезона со задоволство би го виделе во своите редови, чиј играч би можел да стане за околу десетици милиони евра, пренесува италијанскиот печат.

Новинарот на „Ла Газета дело Спорт“, Николо Шира, на својот профил на Твитер пишува дека Милан ќе го продаде Чалханоглу уште во јануари, доколку пристигне добра понуда за него.