Connect with us

Други спортови

Чарли Вајтинг: Ќе има нови промени во Ф1

Ратификација за измени на правилата во 2021 година во Формула 1 не треба да чека на заедничко одобрување од страна на „Стратешката група“ и „Комисијата за Ф1“, вели директорот на ФИА, Чарли Вајтинг. Според него, причината е едноставна, бидејќи договорот за соработка помеѓу овие две тела истекува во 2020 година, а како што тврди, истиот нема да биде продолжен.

Главно промената би била поврзана за големината на пнеувматиците, бидејќи изминатиот период постојано се зборуваше за воведување на 18 – инчни гуми.

  • Тоа е дел од пакетот правила за 2021 година и тоа не мора да добие зелено светло од тимовите или „Стратешката група“. Мислам дека сите се согалсија за употреба на 18 – инчни пнеувматици и веќе го имаат во план ова ново правило, откри Вајтинг.