Connect with us

Фудбал

Чави: Ако можеме да освоиме трофеј против Реал Мадрид, можеме против секого

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез беше пресреќен по победата на Каталонците над Реал Мадрид со 3-1 во финалето на шпанскиот Суперкуп.

„Повеќе ни требаше овој трофеј отколку Реал Мадрид. Ова ни дава голема самодоверба. Среќен сум за играчите, не за мене. Тие работат добро и го заслужуваат тоа. Добија многу нефер критики“, започна Чави.

„Победата беше важна затоа што во спротивно немате самодоверба. Тоа е трофеј против Реал Мадрид и треба да бидеме многу горди. Во последните години немавме трофеи. Заминувањето на Лео (Меси) беше тешко да се надмине“, додаде тренерот.

“Јас сум среќен. Овој трофеј ни дава мир на умот. Ако можеме да освоиме трофеј против Реал Мадрид, можеме против секого“, заклучи Чави.