Connect with us

Фудбал

Чави беше воодушевен од тоа како помина неговото деби, но забележа дека нешто се променило на „Камп Ноу“

Со многу тешка победа над Еспањол (1:0), Чави синоќа дебитираше на клупата на Барселона.

Чави успешно ја започна својата тренерска ера на Камп Ноу, иако многумина веруваат дека Еспањол можеби беше подобар ривал на теренот и не заслужи да загуби, а Барса дојде до победата по малку сомнителниот пенал на почетокот на вториот дел.

И покрај тешката победа, Чави е задоволен и смета дека заслужено дошла на крајот.

„Ми се допадна расположението на повеќето играчи. Се разбира, имаме на што да работиме, многу работи“, рече Чави и додаде:

„Не сме во најдобра состојба и Еспањол ни направи многу проблеми. Но, во целина победата е заслужена, што не радува многу“.

Поранешниот играч за врска на Барселона потоа ги пофали навивачите.

„Навивачите беа одлични. Не сум бил на Камп Ноу скоро шест години, атмосферата многу се промени, но ми се допадна“.

Запрашан за помладите играчи на кои им даде можност вчера, Чави рече дека тие се добри и дека е важно за иднината на клубот да има една нова генерација играчи.

Реклама

Facebook

Реклама