Connect with us

Фудбал

Чави денеска влезе во соблекувалната и им постави само едно прашање на играчите

Екипата на Барселона се наоѓа во многу тешка позиција пред последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Иако моментално се на второто место со два бода повеќе од Бенфика, последното коло на фудбалерите на Барселона им носи дуел во Минхен против Баерн, додека Бенфика го чека отпишаниот Динамо Киев.

На Барса и треба победа во Минхен за да помине или Динамо да направи изненадување во Лисабон, па ситуацијата не е најдобра за Каталонците.

Сепак, новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез е убеден дека неговиот тим може да го победи Баерн и според шпанските медиуми тој денеска дошол на тренинг со само едно прашање за сите играчи.

„Има ли некој овде кој не верува дека можеме да го победиме Баерн во Германија?“ ги праша Чави играчите и потоа го продолжи својот говор.

„Од нас зависи и тоа секогаш е подарок во фудбалот. Фудбалот секогаш ти дава нова шанса. Дадовте се од себе и со овој став можете да играте против секого“, рече Чави и индивидуално им честиташе на сите играчи за играта и посветеноста. На натпреварот против Бенфика кој заврши 0:0.

Натпреварот меѓу Баерн и Барселона ќе се одигра во Минхен на 8 декември. Баварците со 100% учинок го обезбедија првото место, а за името на вториот патник во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе треба да почекаме до таа вечер.

Реклама

Facebook

Реклама