Фудбал
Чави го кани Меси да се врати во Барселона: Тоа е негов дом!
Лионел Меси се враќа во Барселона? Можно е! Кога, односно дали веќе во лето или малку подоцна, се уште не се знае. Тоа го поткрепуваат зборовите на Чави, тренерот на каталонскиот клуб и човекот кој играше со Лионел. Работите би можеле многу брзо да се променат и ништо не е исклучено.
Наводно, преговорите за продолжување на соработката со Пари Сен Жермен се заглавени, најверојатно поради целосно неединство во клубот, а отворено го кани неговиот поранешен соиграч.
“Меси знае дека Барселона е неговиот дом и дека вратата е секогаш отворена. Тоа го повторив неколку пати. Лео е мој пријател, ние сме во постојан контакт. Евентуалното враќање зависи само од него”, јасен е Чави.