Connect with us

Фудбал

Чави го најави Левандовски: Не ми е гајле колку години има

Роберт Левандовски летово ќе го напушти Баерн и ќе потпише за Барселона.

„Разговарав со Лу. Во разговорот тој ми кажа дека не сака да ја прифати нашата понуда за продолжување на договорот и дека би сакал да го напушти клубот“, потврди Хасан Салихамиџиќ во синоќешното интервју за Скај.

Сепак, тој негираше дека преговорите со Барселона се започнати, што не се совпадна со пишувањата на медиумите во Германија.

 

„Спорт 1“ пренесува дека клубот веќе го договорил трансферот на Левандовски на лето. Сега топката е на страната на властите на Барселона, кои за напаѓачот треба да потрошат 40 милиони евра.

 

Каталонците се решени да го доведат Полјакот на лето, а според пишувањата на медиумите веќе подготвиле кеш за одличниот напаѓач.

 

Самиот Чави индиректно го коментираше потенцијалното доведување на Роберт Левандовски.

 

„Кога станува збор за потписот, не ме интересираат годините… потпишавме со Дани Алвеш кога имаше 38 години“, рече Чави, додавајќи:

 

„Играчите се грижат за себе, тие се попрофесионални. Алвеш, Ибрахимовиќ, Модриќ, Кристијано или Меси се примери.