Фудбал
Чави го „поттурнува“ Рабиот во Барселона
Поранешната ѕвезда на Барселона Чави смета дека Адриан Рабиот би било одлично засилување за неговиот некогашен клуб.
Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ и претходно се поврзуваше со Барселона, која се уште сака да го доведе фудбалерот кој неодамна беше во центарот на вниманието поради тоа што одби да биде на резервниот список на францускиот селектор Дидие Дешамп.
Чави, кој во Барселона го сметаат за „бог“ поради сето она што го направил, смета дека Рабиот би било одлично засилување за „Каталонците“.
„Адриан е одличен играч и мислам дека би бил добар избор за Барселона. Многу би допринел. Многумина ме прашуваа за Гризман, а тој на крајот остана во Атлетико, но ако дојде Рабиот тоа би била одлична работа“, кажа Чави.
Потоа Чави го прокоментира Артуро, Бразилецот кој го доведоа ова лето за 39 милиони евра.
„Видов неколку видео снимки од него. Овде има многу Бразилци на Академијата Аспире, кои добро зборуваа за него“ рече Чави.