Connect with us

Фудбал

Чави ја откри својата најголема летна желба

И Барселона ова лето чека на играчки промени.

Ќе биде раздвижено според првите најави од Каталонија, а тренерот на тимот од Ноу Камп легендарниот Чави на раководството на клубот му ја кажал најголемата желба во летниот преоден рок.

 

Чави на Ноу Камп сака да го види одличниот стопер на Наполи, Сенегалецот Калиду Кулибалија.

 

Договорот со Наполи на споменатиот фудбалер истекува во летото 2023 година, па ова ќе биде можност тимот од југот на Италија да ја наполни касата.

 

Сенегалскиот дефанзивец вреди 45 милиони евра, а сигурно е дека Наполи не би преговарал под 50 милиони.

 

Проблем за Барселона може да биде фактот што Кулибали е на радарот на некои други клубови како Баерн, Интер, Ливерпул и Челзи беа споменати претходно.

 

За еден месец ќе видиме дали Чави ќе ја исполни оваа желба, која ја поддржуваат и навивачите на Барселона, бидејќи Кулибали би и дал дополнителна сигурност на одбранбената линија на каталонскиот тим.

 

 

Реклама

Facebook