Фудбал
Чави ја запрепасти Барселона, еве што одговори легендата!
Чави Ернандез нема да биде нов главен тренер на Барселона, барем за оваа сезона. Првично, во медиумите беше соопштено дека двете страни решиле засега да ги прекинат разговорите и да продолжат во јуни, но има и причина за тоа. Чави одби да ја преземе Барса сега во јануари!
По средбата со лидерите на „Каталонците“ во Катар, поранешниот играч од средниот ред реагираше негативно на предлогот за преземање на функцијата тренер. Чави се чини дека бара да го добие тимот на почетокот од сезоната, а не во ситуацијата во која сега се наоѓа Барселона.
Исто така се зборува дека Легендата на „Каталонците“, во јуни е целосно подготвен да оди на „Камп Ноу“. Веќе се очекува работите во Барселона да се вратат во нормала, со тоа што тимот ќе започне со тренинзи следниот ден.